• cPanel Linux Shared

    Хостинг провајдер по ваша мерка! Нашите хостинг планови се скроени да ги задоволат вашите потреби и очекувања.

    Повеќе...

  • Internet Domain Names

    Закупете ја вашата адреса во интернет просторот по најниски цени на пазарот. Регистрирајте интернет домен уште денес!

    Повеќе...

  • GlobalSign SSL Certificates

    Лепеза на економични SSL сертификати кои ја уживаат довербата на широката публика. Вашите посетители преферираат безбедно пазарење!

    Повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3

cPanel Видео Туторијали

Сите одговори на вашите прашања преку видео презентации на македонски.

Повеќе...

Shopping 24/7 NON-STOP

Започнете со полнењето на вашата кошничка за нарачки со продукти и услуги.

Повеќе...

BreakingNews Новости за корисниците

Прочитајте за сите промоции, специјални понуди и важни известувања од Пинарт Хост.

Повеќе...

Management Корисничка зона

За целосна контрола на вашата корисничка сметка и закупените продукти и услуги.

Повеќе...

Dynamic

Website Hosting

Со креирањето на сопствен вебсајт можете да се претставите себе си на светот. Споделете ги своите мисли, идеи и искуства! Бидете во интеракција со вашата публика 24/7, 365 дена.

Web Hosting

  • Креирајте портфолио, блог, албум
    За таа намена ние ви ги нудиме најпопуларните скрипти достапни за инсталирање со само еден клик.
  • Богат корпоративен вебсајт
    Овозможете им на луѓето да се информираат за продуктите и услугите кои ги нуди вашата компанија.

Повеќе информации

Техничка поддршка

  • Туторијали
  • Поддршка
  • POP3 Email
  • Webmail
  • File Manager

Научете како лесно да креирате email адреса користејќи го вашиот cPanel контролен панел.

Научете како да ја проверувате вашата електронска пошта преку Webmail платформата.

File Manager ви нуди едноставно управување со датотеките и папките на вашиот хостинг акаунт.

На ваша диспозиција е корисничката зона каде со пополнување на формуларот за контакт можете да испратите допис до тимот за поддршка на корисници. Со испраќањето допис системот автоматски креира тикет за поддршка со уникатен број заради полесно следење на кореспонденцијата помеѓу Пинарт Хост и крајните корисници. Одговорите на вашите тикети можете да ги следите преку корисничката зона или директно на вашата email адреса.

Отвори тикет

Супербрз хостинг каков што отсекогаш сте посакувале!

Пинарт Хост со особено задоволство им ги претставува на корисниците имплементираните новини во работењето. Стремежот хостирањето на нашите сервери да биде уникатно искуство за сите вас, како и решеноста на корисниците да им понудиме најдобри перформанси и квалитетна услуга, уште повеќе не мотивираше изминатиот период да се фокусираме на остварувањето на споменатите цели. Сметаме дека е време да започнеме да ви ги откриваме една по една тајните состојки на успешниот рецепт кој допрва ќе го вкусите. Ви го претставуваме нашиот нов партнер CloudFlare.

Пролетни вести и промоции

За многу луѓе пролетта значи нови почетоци, нови проекти, нови идеи и многу повеќе. Кои се Вашите идеи кои ќе ги истражувате и разработувате оваа година? Ова е навистина возбудливо време кога станува збор за интернет иновациите и ние сме среќни што сме дел од него. Пинарт Хост се гордее со фактот што константно се развиваме и еволуираме со цел да Ви ги понудиме најновите достигнувања во веб хостинг технологијата. Ви благодариме за несебичната поддршка!

Освен специјалната понуда за 50% попуст на хостинг плановите, на нашите корисници е достапна и новата верзија на cPanel контролниот панел со интегрирани Google Apps, нова корисничка зона и уште многу други новини ставени на ваше располагање.

55 Desktop Wallpapers разубавете го вашиот персонален компјутер

Од една централна локација, корисничката зона ви дава пристап до сите информации за продуктите и услугите поврзани со вашата корисничка сметка која ја имате кај нас. Од вашата корисничка сметка можете брзо да ги прегледувате и да ги менувате сите тие информации без да лутате наоколу.

Уште на насловната страна, вие имате инстантен пристап до сите купени продукти и услуги, вашите сметки и трансакции, статусот на корисничката сметка и многу повеќе. Тука можете да ги прегледате отворените тикети за поддршка или да отворите нов тикет во било кое време. Исто така, пласирањето нови нарачки на продукти и услуги од нашиот асортиман се одвива преку корисничката зона.

За нашите корисници е достапна базата со често поставувани прашања која ќе ви помогне најбрзо да дојдете до одговорите на прашањата кои може да ви се јават. Исто така, на располагање ви се видео туторијали на македонски јазик кои значително ќе ви го олеснат управувањето со вашиот хостинг акаунт. Во корисничката зона е лоцирана и базата со датотеки за превземање кои сметаме дека може да ви користат и кои ви ги имаме ставено на располагање.

Целта на Пинарт Хост е да ви овозможи од едно место да дојдете до се што ви е потребно. Корисничката зона како алатка служи да ги собере на едно место сите информации за продуктите/услугите поврзани со вашата корисничка сметка.

Имате прашања за вашиот акаунт, условите за плаќање или потребна ви е техничка асистенција? Тимот на Пинарт Хост е тука да ви помогне. Едноставно, ние го собравме најдобриот тим за да ви помогне за сите прашања кои може да ви се јават околу хостирањето на вашиот вебсајт.

Пинарт Хост ви ги обезбедува сите информации кои ви се потребни, било да станува збор за почетнички или експертски прашања врзани со девелопмент на вашиот вебсајт. Базата со често поставувани прашања (ЧПП) е датабаза која може да ја пребарувате за најлесно да дојдете до одговорите на прашањата со кои можете да се соочите без разлика на нивната природа. Со нашите видео туторијали, само еден клик ве дели од бараната информација. Не морате да бидете експерт за да го хостирате вашиот вебсајт или за да ги извршувате основните функции во cPanel контролниот панел. Нештата ги направивме многу поедноставни за вас.

Доколку сеуште се соочувате со проблемот и не можете да го пронајдете одговорот на друго место, не двоумете се да го контактирате нашиот тим за поддршка на корисници. Нашиот тим составен од експерти во полето на веб хостинг кои ќе бидат повеќе од расположени да ви помогнат во било кое време, 24/7, 365 дена во годината. Било да станува збор за брзи прашања и одговори, или за покомплицирани прашања и проблеми кои бараат подлабоко разгледување, консултирајте се со нашите претставниците и решете ги истите преку поднесување на тикет до корисничката поддршка.

Дали вашиот вебсајт го хостирате на друго место? Пинарт Хост ќе ви помогне со селењето на датотеките на вебсајтот, датабазите, е-поштата и се друго од вашиот стар веб хостинг акаунт на вашиот нов веб хостинг акаунт на серверите на Пинарт Хост.

Ние разбираме дека селењето на вебсајт кој го имате веќе со години е навистина стресно искуство. Како и да е, тоа не треба да биде причина која ќе ве одврати да најдете подобра веб хостинг солуција. Нашите екперти за веб хостинг миграција ќе ја изведат целата постапка за вас -- бесплатно.

Естаблирањето на доверба во сигурноста и поддршката за корисници е наш примарен приоритет. Помошта во префрлањето на вашите содржини тука, на серверите на Пинарт Хост, е одличен начин да го видите нашиот тим за поддршка во најдобро светло. Со бесплатната услуга за миграција на вашиот вебсајт, вие не треба да се грижите за правење резервна копија на вашите содржини, одредување на времето за миграција или било кои други стресни настани. Нашите експерти за миграција ќе направат се што е потребно!

Домените служат како адреса или место кои им ги кажувате на луѓето да дојдат да го посетат вашиот вебсајт. Во зависност од тоа кој хостинг план од понудените ќе го одберете, можете да хостирате повеќе домени на еден хостинг акаунт. Исто така можете да ги насочите вашите домени до одредени локации или да ги паркирате вашите домени на еден вебсајт. Доколку имате пристап да хостирате повеќе домени и вебсајтови, исто така ќе добиете email адреси и статистики за секој вебсајт поединечно.

Поддоменот ви ја дава можноста да ставите префикс пред името на вашиот домен. Пример за ова е photo.vasiotdomen.com. Пинарт Хост ви ги обезбедува алатките за брзо поставување на поддомени на вашиот примарен вебсајт или на било кои други домени кои ги хостирате кај нас. Исто така ќе имате целосен пристап до email адресите и веб статистиките кои ќе бидат функционални со секој поддомен кој го креирате и хостирате на Пинарт Хост.

Пинарт Хост ги задржува најконкурентните цени во Македонија и пошироко за регистрација на домени со цени кои започнуваат од 5 евра. Преку нас за само неколку секунди можете да регистрирате .com, .co, .com.mk, .mk, .net, .org, .info, .biz, .me, .us, .eu, .co.uk, .me.uk, .org.uk, .asia, .cc, .in, .tv, .ws, .mobi, .name и .tel домени. Доколку сте го регистрирале вашиот домен на друго место или со друга домен екстензија, ние исто така можеме да го хостираме вашиот вебсајт. Нашиот сервис за регистрација на домени е тука да ви помогне да управувате со сите потреби за вашиот вебсајт од едно место.

Сакате да се осигурате дека сите трансакции преку вашиот вебсајт се безбедни за вашите посетители? Доколку е така, ние сме тука да ви понудиме SSL (Secure Socket Layer) сертификати. Цените на GlobalSign SSL сертификатите започнуваат од 22 евра/годишно и можете да ги нарачате во било кое време. Главна предиспозиција за користење на SSL сертификат е поседувањето на статична IP адреса за вашиот вебсајт која ќе ве чини 20 евра/годишно. Сите овие продукти и услуги можете да ги нарачате од вашата корисничка зона.

Останете на врвот од најновите трендови на вашите посетители и анализирајте ги перформансите на вашиот вебсајт со нашите инкорпорирани алатки за вебсајт статистики. Со секој хостинг акаунт ви овозможуваме пристап до:

  • Access Logs - Откријте кои биле вашите неодамнешни посетители и обезбедете детални информации за нив
  • Error Logs - Прегледајте ги пораките за настанати грешки и брзо решете ги проблемите на вашиот вебсајт
  • Latest Visitors - Добијте повеќе информации за последните посетители на вашиот вебсајт
  • Subdomain Stats - Водете евиденција за користењето на поддомените


Ние исто така им даваме на корисниците пристап до AWStats за секој домен кој го хостирате кај нас. AWStats е една од најмоќните и најбогатите со можности алатки кога станува збор за вебсајт статистиките. Графичкиот интерфејс и извештаите кои се лесни за употреба ја прават оваа аналитичка алатка тоа што им е потребно, го сакаат и секојдневно го користат сите клиенти на веб хостинг.

Што е Softaculous?

Softaculous е најдобрата алатка за автоматско инсталирање која содржи 215 најпопуларни скрипти и постојано се додаваат нови. Овие скрипти ги покриваат буквално сите потреби на корисниците. Опфатени се многу категории така што секој може да ја пронајде бараната скрипта која ви треба за да ја зголемите моќноста на вашиот вебсајт. И во иднина ќе се продолжи со додавање на нови скрипти кои знаеме дека ќе ги задоволат потребите на Корисникот.

Softaculous се користи за cPanel и DirectAdmin контролните панели. За разлика од другите алатки за автоматско инсталирање, Softaculous е многу побрз, добро дизајниран и ги инсталира скриптите во само еден чекор. Деталната листа на скрипти кои се вклучени со Softaculous можете да ја погледнете тука. Сега сите ваши омилени скрипти ви ги нудиме на едно место!

Пинарт Хост може да ви помогне да го естаблирате вашиот бизнис на интернет. Користејќи ја нашата колекција на e-commerce алатки и опции, од најмалите до најголемите вебсајтови ќе се чувствуваат тука како дома.

Најпопуларните шопинг скрипти се веќе дел од Softaculous и се достапни за инсталирање со само еден клик: Zen Cart, Freeway, osCommerce, OpenCart, PrestaShop, phpShop, Magento, WHMCS, CubeCart, AccountLab Plus, PHP Point Of Sale, TheHostingTool, TomatoCart, Avactis, phpCOIN и Quick.Cart.

Купувањето и поставувањето на статична IP адреса и SSL сертификат на вашиот хостинг акаунт е многу лесно.

Пинарт Хост ги поседува сите предиспозиции за хостирање на online бизниси и e-commerce продавници. Откријте зошто нашите солуции за хостирање на e-commerce вебсајтови се едноставно најдобрите.

Сигурна и доверлива серверска технологија

Серверите на Пинарт Хост се со првокласни карактеристики кои се одликуваат со квалитет и моќност. Секој сервер користи Intel Xeon X3440 (8 cores HT) 2.5 GHz, 8 GB RAM, 500GB (x4) HDD RAID10 configuration, 100mbit. Како што можете да забележите ние го користиме единствено најдобриот хардвер.

Што се однесува до технологијата и софтверот на серверите, на корисниците им овозможуваме користење на PHP 5 (вклучувајќи ја и 5.3 верзијата!) w/ Zend Optimizer, MySQL 5, Ruby on Rails (Ruby 1.8.7 & Rails 2.3.3), Python 2.3, 2.4, 2.6 & 3.0 и Perl 5.8.

Сите хостинг планови доаѓаат со вашите стандардни GD Graphics Library, cURL Library, ImageMagick 5+, Server Side Include (SSI) поддршка и CGI-BIN и Site-Wide CGI поддршка.

Нашата хостинг понуда ги има сите стандардни карактеристики кои можете да ги очекувате само од најдобрите веб хостинг провајдери на пазарот.

Email акаунти

Креирајте email акаунти на вашиот примарен домен или на било кои додатни и паркирани домени, како и поддомени. Пристапот до електронската пошта е можна преку POP3 (метод користен од Outlook и скоро сите други достапни email client програми), IMAP или преку инсталираните Webmail системи кои ви ги нудиме.

Webmail со можност за избор на систем

Проверете ја вашата електронска пошта каде и да се наоѓате! Можете да пристапите до сите ваши email акаунти преку нашите три инкорпорирани webmail сустеми: Roundcube, Squirrelmail и Horde.

Серверите на Пинарт Хост обезбедуваат повеќе од доволно RAM и CPU моќност за да ги задоволат потреби на просечните корисници на веб хостинг. Како и да е, со хостирањето на заеднички сервер вие ќе ги делите RAM и CPU ресурсите на серверот со повеќе клиенти.

Целта на некои ограничувања, на кои многу мал дел од корисниците може да наидат, се поставени за да го заштитат квалитетот на услугата на серверите. Ова ни дозволува да спречиме повеќекратно препродавање на една серверска услуга, што значи дека сите наши корисници ќе добијат високо ниво на перформанси.

Ние ветуваме дека ќе се погрижиме за потребите на нашите клиенти. Можете да ги проверите Правилата и условите за користење на нашите продукти и услуги за да дознаете повеќе како успеваме да ја постигнеме нашата цел.

Да се биде во можност да се работи, менува и зачувува информации во датабази е клучен дел на секој успешен веб хостинг план. Пинарт Хост ви дозволува да креирате MySQL датабази кои ќе ги задоволат вашите потреби за складирање на податоци.

MySQL е најпопуларниот open source инструмент за работење со датабази и е составен дел од најголемиот број веб апликации (блогови, форуми, е-продавници и многу повеќе). Апликациите кои користат MySQL генерално работат многу побрзо отколку оние кои користат текстуални датотеки за зачувување на податоци. Со вашиот хостинг акаунт вам ви е дозволено да креирате MySQL датабази. Управувањето со датабазите можете да го правите преку користење на нашиот контролен панел. Можете да креирате неограничен број MySQL корисници со различни пермисии, како и да ги менувате листите за пристап за различни хостирани домени.

Пинарт Хост исто така ви овозможува пристап за менување и контролирање на вашите датабази преку инсталираната и конфигурирана верзија на phpMyAdmin. Ова ви дава брз и лесен пристап за работење со вашите датабази преку online интерфејс.

Поддршка на најновите стабилни програмски јазици

Програмските јазици во веб хостингот се вештачки јазици дизајнирани да посочат или да променат како еден вебсајт изгледа или се прикажува на вашите посетители. Во Пинарт Хост ги поддржуваме најновите стабилни верзии на многу популарни програмски јазици.

Еве некои од програмските јазици и технологии кои ги поддржуваме на нашите сервери:

  • PHP 5 w/ Zend Optimizer
  • Ruby on Rails (Ruby 1.8.7 & Rails 2.3.3 инсталирани на серверите, Rails 3 достапен за инсталација во home директориумот)
  • Python 2.3, 2.4, 2.6 & 3.0
  • Perl 5.8
  • Server Side Includes (SSI)

Како што можете да видите, широката лепеза на програмски јазици кои ги поддржуваме на нашите сервери ви обезбедуваат доволно моќ да го одржувате било кој вебсајт секогаш во чекор со најновата технологија.

FTP

FTP (File Transfer Protocol) и SFTP (Secure File transfer Protocol) се поддржани на серверите на Пинарт Хост. FTP ви овозможува брз и пристапен начин за да прикажувате или превземате датотеки на и од вашиот вебсајт.

SFTP

За SFTP пристап, најпрво мора да го активирате shell пристапот. SFTP работи само со вашиот мастер акаунт на системот, но исто така ви дава end-to-end енкрипција за да бидете сигурни дека е заштитена приватноста на вашите датотеки и податоци.

Нашите FTP и SFTP услуги се компатибилни со сите модерни десктоп FTP програми кои постојат денес. Користете го најбрзиот и најдоверливиот начин за трансфер на податоци помеѓу вас и серверот со опциите за FTP и SFTP како дел од карактеристиките на нашите хостинг планови.

Со моќниот Cron Jobs едитор инсталиран на серверите на Пинарт Хост како составен дел од cPanel контролниот панел, можете да закажувате задачи кои ќе бидат редовно извршувани во било кои интервали помеѓу секои 15 минути до еднаш месечно. Cron е едноставен метод за закажување на задачи кој е достапен на сите наши сервери. Во најголемиот број случаи тој се конфигурира за да извршува одредени команди во закажано време или на одредени интервали.

Пинарт Хост го поедноставува процесот со тоа што ви обезбедува алатки во секој контролен панел автоматски да ги конфигурирате временските параметри кога да бидат извршувани закажаните cron активности, одредената команда и email адресата на која ќе ги добивате извештаите од вашите cron активности.

Без разлика дали сте почетник или поседувате експертско ниво во хостинг техниките, Пинарт Хост го прави хостирањето на вашиот вебсајт уште поудобно со тоа што ви помага со сите расположливи алатки кои ви се потребни за побрзо да ја завршите било која задача.

Пинарт Хост ви дава целосна контрола на вашиот домен. Кога хостирате кај нас, вие добивате пристап но нашиот вграден DNS Zone File Editor. За корисниците кои сакаат да прават измени во записите на доменот, нашиот контролен панел ви овозможува моќен и флексибилен DNS File Zone Editor. Ова е корисно за нешта како што се пренасочување на електронската пошта до трети сервери или насочување на поддомен на вашата статична IP адреса од домашната интернет конекција.

Ние не би сакале да бидете приморани да ја контактирате поддршката за корисници за најситни работи како што е ажурирањето на DNS информациите.

Пинарт Хост ќе ви одобри SSH пристап на вашиот веб хостинг акаунт, доколку тоа е потребно. SSH е скратено од Secure Shell. Тоа е практично решение за корисници кои сакаат да управуваат со нивниот хостинг простор преку Linux команди.

SSH пристапот е главно деактивиран на сите хостинг акаунт поради интерни безбедносни причини. Како и да е, доколку ви биде потребен отворете тикет за техничка поддршка и ние ќе го активираме SSH пристапот за вашиот хостинг акаунт.

Некои луѓе сметаат дека овој вид пристап е многу полесен за копирање на датотеки, барање на одреден текст и креирање на директориуми. Пинарт Хост сака да ги задоволи и малцинството и мнозинството со корисни алатки за хостирање на вебсајт кои може да ги ползуваат за да ги завршат побрзо нивните задачи.

feedback